Фото: РФМ

Пораз од Фарски Острови на стартот од Светското првенство, немавме решение за Митун

Македонските млади ракометари претрпе пораз на стартот од Светското првенство во Полска со 29-33 од квалитетната селекција на Фарски Острови.

Првото полувреме помина во изедначена игра во која Македонија добро се држеше и недозволуваше противникот да се „одлепи“, но сепак Фарски Острови на паузата заминаа со предност од еден гол 15-16.

Во првото полувреме посебно расположен кај Фарски Острови б еше Оли Митун кој од вкупно 16 голови за својата селекција постигна дури десет. Каде што застана во првиот дел, таму продолжи Митун и во второто полувреме, па со два гола обезбеди за својата селекцја предност од 16-19.

Таа предност, Македонија не успеа да ја стигне, па на крајот стартувавме со пораз. Митун натпреварот го заврши со дури 15 гола, а најефикасни кај нас беа Калајџиески и Узунчев со по шест погодоци.

Во следното коло Македоија ќе игра против Романија која на стартот славеше над Исланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот