Поранешниот прв човек на Бундеслигата има револуционерен предлог како да се прекине доминацијата на Баерн

Во последните девет години, Баерн Минхен освои девет титули по ред/Минхен, Германија/мај 2021 година/фото: EPA-EFE/ALEXANDER HASSENSTEIN

Во германскиот фудбал, односно Бундеслигата, најчесто победникот се знае на почетокот од сезоната.
Доминацијата на Баерн Минхен во германскиот фудбал е една од наголемите во европскиот фудбал, баварците од 1963 година откако е формирана Бундеслигата освоија 31 титула, а во последните девет години освоија девет титули по ред.

Далеку зад баварскиот тим по бројот на освоени титули се Борусија Дортмунд и Борусија Менхенгладбах кои имаат по само пет титули.

Поради тоа Волфганг Холцхаузер кој е поранешен претседател на Баер Леверкузен и поранешен прв човек на Бундеслигата, претстави револуционерен предлог со кој би требало да се прекине доминацијата на баварците, пренесува „Мундо Депортиво“.

– Откако ќе заврши сезоната во Бундеслигата, најдобрите четири екипи би играле плеј-оф, по принципот првиот со четвртиот и вториот со третиот. Победниците би играле финале, а поразените за третото место – вели Холцхаузер кој притоа истакнува дека плеј-офот не е непознаница во европскиот фудбал и неколку лиги веќе го користат.

– Плеј-офот постои во Белгија, но и во втората шпанска лига каде двете првопласирани екипи обезбедуваат директен пласман во Ла Лига, додека следните четири се борат за преостанатото место кои носи во елитното шпанско натпреварување.

Поранешниот претсетдател на Баер Леверкузен и на Бундеслигата смета дека најдобрите германски екипи нема да се согласат на овој предлог, но тврди дека за ова секогаш може да се разговара.
– Знам дека нема да се согласат на плеј-оф, но можеме да разговараме. Не сакаме ништо да му одземеме на Баерн, но нешто мора да се промени – додава Холцхаузер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот