Поранешната пејачка на „Луна“: Повеќе ќе заработев ако продавав на пазар

луна
Курир.рс/Соња Спасиќ

Српската поп-денс група „Луна“ е основана во 1996 година и оттогаш па досега смени неколку вокали, а цело време во бендот е основачот Чедомир Рајичиќ, познат во српската јавност како Чедо Чворак.

Во оригиналната постава беше популарната Маја Марковиќ, која во бендот остана 10 години, а по неа се променија уште шест вокали, а актуелна сега е Теодора Мијушковиќ.

Нејзината претходничка, Ивана Круниќ сега учествува во шоуто „Задруга“, каде открива валкани детали од нејзиниот седумгодишен ангажман во групата.

Таа вели дека се случувало месечно да добива само по 300 евра, а другото да го земе Чедо.

„Повеќе ќе заработував ако продавав на тезга на пазар“, вели таа.

Во меѓувреме, била во врска со синот на Чедо, а откако најавила дека заминува од групата, освен што врската се распаднала, добила и забрана да ги пее песните на „Луна“.

Мислела дека ќе ѝ биде тешко, но очигледно е дека добро се снаоѓа за заработување за живот, учествувајќи во шоуа како „Задруга“ и слични.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот