Поради војната во Украина, побарано зголемување на долгорочниот буџет на ЕУ

Foto: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Долгорочниот буџет на ЕУ мора да се зголеми поради војната во Украина, енергетската и економската криза и одбранбените предизвици, изјави претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, пред средбата на лидерите во Советот на ЕУ во Брисел

Притоа Мецола посочи дека се потребни дополнителни средства за сервисирање на повисоките долгови поради зголемувањето на каматните стапки и недостатокот на разбирање за новите извори на финансирање на касата на ЕУ.

,,На нашата економија и е потребен поттик. Ова не е прашање на просперитет, туку на безбедност. А тоа значи дека треба повторно да го погледнеме буџетот на ЕУ, мораме да се прилагодиме на тоа што се случува”, додаде таа.

Долгорочниот буџет беше усвоен во декември 2020 година, кога се уште не се знаеше што следува. Тој не предвидуваше уште две години од пандемијата, а уште помалку руската инвазија врз Украина и придружната енергетска криза и високата инфлација.

ЕУ натрупа долг од 800 милијарди евра за да ја обнови својата економија од пандемијата, а според Мецола, во 2023 година ќе и требаат дополнителни 450 милиони евра за негово сервисирање.

-Доколку каматните стапки останат високи, исплатата на долгот ќе го избрише целиот одговор на кризите и ќе почне да ги јаде европските програми, истакна Мецола.

Но, отворањето на долгорочната буџетска рамка ќе создаде нови проблеми, бидејќи ќе ги спротивстави нето-корисниците и нето-плаќачите во ЕУ.

-Свесна сум за политичката реалност, но долгорочниот буџет мора да може да биде флексибилен, рече Мецола. „Плафоните треба да се кренат кога тоа е потребно за да се задоволат потребите и новите приоритети”, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот