Поради Самитот на ОБСЕ одложени се неколку судења

Основен кривичен суд / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Судењата за „Ласкарци“, „Жан Митрев“ и „Титаник“ се презакажани поради Самитот на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје.

Основниот кривичен суд Скопје го промени терминот за главна расправа за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, а судењето ќе продолжи на 14 декември во 9:30 часот.

Глaвната расправа за предметот поврзан со приватна здравствена установа „Жан Митрев“ насрочена за утре, исто така, се отповика, поради одлуката на Владата да се работи со скратено работно време и ќе продолжи на 15 декември во 12 часот.

Презакажано е и рочиштето за изборните нерегуларности, „Титаник“, насрочено за 30 ноември, кое ќе продолжи на 12 декември од 10 часот.

Како што информираат од Основен кривичен суд Скопје, за сите останати судења насрочени во судот за 29 ноември по 12 часот и на 30 ноември за време на целиот ден, кои ќе се одложат заради одлуката на Владата, странките ќе добијат дополнителни известувања кога ќе продолжат со расправите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот