Поради недостиг на работници, помалку возови на холандските железници

Фото: МИА

Железничкиот сообраќај во Холандија од следната недела ќе биде намален поради постојан недостаток на персонал, јавува Анадолија.

„Распоредот за железничките линии дополнително ќе се коригира поради недостиг на персонал од 7 ноември“, најави железничкиот оператор НС, истакнувајќи дека на повеќе линии во Холандија ќе сообраќаат помалку возови.

Според извештаите на локалните медиуми, компанијата не успеала да пополни повеќе од 2.000 слободни позиции, што сочинува една десетина од работната сила во холандските железници. Од НС наведуваат и дека ќе бидат принудени да укинат некои линии доколку наскоро не најдат решение за недоволната работна сила.

На патниците им беше препорачано да го проверат статусот на нивната железничка линија пред поаѓање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот