Поради косовската блокада на увозот, Србија губи од околу 120 милиони евра

косово србија
George Mdivanian / Panthermedia / Profimedia

На камионите со српски регистерски таблички кои превезуваат исклучиво домашна стока, односно финални производи, сè уште им е забрането да поминуваат на административните премини со Косово и Метохија, пишува Политика.

Поради одлуката на Приштина да го блокира увозот од Србија, штетите по економијата се зголемуваат од ден на ден, од двете страни, што според експертите е голем проблем, бидејќи Србија е меѓу земјите со најголема застапеност на своите производи, без разлика дали храна или друго. Според последните проценки на Стопанската комора на Србија (ПКС), загубите на српската економија по воведувањето блокади на увозот на Косово и Метохија, од 1 декември годинава изнесуваат околу 120 милиони евра.

-Претходно имаше проценки дека месечната загуба на Србија во неиспорачана стока е близу 40 милиони евра. Потоа се покажа дека две третини од производите од Србија кои одат на Косово се суровини кои дополнително се преработуваат, додека останатите се средства за работа и финални производи кои се користат за потрошувачка. Во еден момент, сепак, опсегот на ограничувањата беше намален, така што сега минуваат суровини и машини, а финалните производи од Србија сè уште не можат да одат на Косово – потсетува Бојан Станиќ, помошник директор на Секторот за стратегиски анализи на ПКС.

Тој додава дека во Космет се бараат српски производи и финални и суровини, па кога нема блокада со нив се остварува промет од околу 450 до 500 милиони евра. Во тој вкупен износ околу 400 милиони евра се однесуваат на извозот, додека 100 милиони евра промет се однесува на увозот на стоки од Косово во Србија. Проблемот не е само во неиспорачаната стока, бидејќи голема штета се прави и во нарушувањето на довербата на фирмите, деловните односи меѓу стопанствениците и планирањето на деловното работење, во однос на тоа што да се прави со таа стока, дали да се пренасочи понатаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот