Поради безбедносни причини откажана посетата на хрватскиот претседател Милановиќ на БиХ

Зоран Милановиќ
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ/ Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Посетата на претседателот на Републиката Зоран Милановиќ на Босна и Херцеговина и патувањето по повод 28-годишнината од хуманитарниот конвој „Белиот пат до Нова Била и Босна Сребрена“ е откажана поради безбедносни причини, соопшти утринава Кабинетот на хрватскиот претседател.

Одлуката за откажување на посетата била донесена по оспежната безбедносна проценка на надлежните институции на Република Хрватска, се додава во соопштението без да се наведат други детали.

„Претседателот Милановиќ жали што нема да учествува на одбележувањето на овој значаен настан за Хрватите од долината Ласва и изразува силна поддршка и благодарност до организаторите на комеморацијата за зачувување на споменот на хуманитарниот конвој „Белиот пат до Нова Била и Босна Сребрена“.

 

Додик и Милановиќ/ Фото ЕПА

 

Тензиите во Босна и Херцеговина изминативе месеци се интензивираа на релација Република Српска и Федерацијата на Б и Х, особено на релација Сараево Бања Лука, пред се поради настојувањето на лидерот на Босанските Срби Милорад Додик да ја децентрализира власта во Сараево и дел од надлежностите да ги префрли на Бања Лука. Паралелно со овие „препукувања“ изминатиот период додје и до војна на зборови меѓу Додик и Милановиќ пред се околу статусот на хрватскиот ентитет кој живее во босаснско херцеговската федерација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот