Полувреме: Македонија ја контролира играта, но мрежите мируваат

Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Селекциите на Македонија и Грузија одиграа без голови во првите 45 минути од натпреварот од третото коло во Лигата на нации што се игра на Националната Арена „Тодор Проески.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски, имаа поголем посед на топката (54-46), ја контролираа играта, но не успеаја да постигнат гол иако имаа неколку путеви кон голот на Мармардашвили.

Првата шанса македонските фудбалери ја имаа во 13 минута со два шута од далечина преку Ристовски, потоа Барди, но одбраната на Грузија одлично блокираше.

Во 31 минута Давиташвили ја имаше првата шанса за Грузија но шутираше директно во Димитриевски, по што следеше најдобрата шанса за „црвено-жолтите“ и тоа преку Елмас чиј шут го одбрани Мармардашвили. Во финишoт од првиот дел повторно Елмас имаше шанса, но неговиот шут заврши во голманот  на Грузија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот