Полупразни бонбониери го преплавија бугарскиот пазар, пакувањето тежи повеќе од чоколадото!

чоколадо

Бомбониерите стануваат се пообемни, а чоколадните бонбони – се помалку и по број и по тежина. Ова го открива новата пазарна студија на „Активни потрошувачи“. Невладината организација веќе долги години тестира различни намирници.

Благодарение на нејзиното истражување, бугарските потрошувачи научија многу – на пример, дека кај некои видови сирење количината на вода е речиси исто колку и кај краставиците, а дека некои колбаси тешко можат да се наречат месни производи. Новата студија на „Aктивни потрошувачи“ е посветена на чоколадите. Овојпат, сепак, фокусот не е на квалитетот на бонбоните, туку на тренд кој го зазема пазарот – пакувањата стануваат пообемни и сјајни, а содржината се намалува. Невладината направи споредба на 39 марки на бонбониери кои масовно се продаваат во супермаркетите.

Резултатите се детални и претставени во табеларна форма на нивната страница. Студијата покажува шокантни работи – на пример, кутија бонбони во која тежината на чоколадите е 177 гр, а на пакувањето – 199 гр.

Од сите 39 „примероци“, само во два процентот на полнење е над 50 проценти. Има пакувања во кои бонбоните се само 6-7 проценти од волуменот, остатокот е картон, различни видови фолија, влошки, „канапе“, хартиени обвивки, целофан. Од „Активни потрошувачи“ решиле да го направат истражувањето бидејќи почнале да добиваат се повеќе поплаки од луѓе кои го опишуваат истото – решиле да ги почестат колегите или пријателите за одмор, купиле голема луксузна кутија бонбони, а кога го отвори – имаше само неколку бонбони внатре.

Клиентите обично се измамени од големите „големини“ и убавото пакување. Овој маркетиншки трик очигледно функционира бидејќи кондиторската индустрија произведува се повеќе полушупливи бонбониери, пренесува „Сега.бг.њус“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот