Полската влада се договори со камионџиите, блокадите завршуваат

Камиони заглавени на границата меѓу Украина и Полска / Фото EPA-EFE/DAREK DELMANOWICZ POLAND OUT

Полските возачи на камиони кои блокираа некои гранични премини со Украина од ноември, постигнаа договор за „одредени услови“ со Владата и ќе го завршат протестот во среда во 12 часот, соопшти организаторот.

Полските возачи побараа од ЕУ повторно да воспостави систем според кој на украинските компании им требаат дозволи за работа во Унијата, како и на европските камионџии кои влегуваат во Украина.

„Тоа нема да биде крај, туку ќе има прекин на протестите. Се договоривме за одредени услови, ќе и дадеме време на Владата да работи бидејќи тоа е нова влада“, изјави Томаш Борковски од Комитетот за заштита на превозниците и работодавачите во транспортот.

Полското Министерство за инфраструктура денеска на прес-конференција треба да го потпише договорот.

Полските земјоделци одлучија да го прекинат протестот на граничниот премин со Украина во Медика, откако владата се согласи со нивните барања претходно овој месец.

Сепак, камионџиите блокираат уште три гранични премини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот