Полска го зајакнува производство на оружје

Матеуш Моравјецки, премиер на Полска/Фото: EPA-EFE/ANDRZEJ LANGE POLAND OUT

Полската влада најави големи нови инвестиции во домашната индустрија за оружје, велејќи дека гради „нов, огромен производствен потенцијал“. Полска ќе го докапитализира производителот на воена опрема „Хута Сталова Вола“ со околу 125 милиони евра, објави денеска премиерот Матеуш Моравјецки, според извештајот на полската новинска агенција ПАП.

Ова е само прва транша инвестиција, а ќе следи нова, која ќе се мери во стотици милиони евра, додава премиерот. „Создаваме нов, огромен производствен потенцијал во нашата земја“, рече Моравјецки.

Фабриката „Хута Сталова Вола“ се наоѓа во југоисточна Полска и е во мнозинска сопственост на државата. Индустрискиот комплекс вклучува и железара, а основан е пред Втората светска војна.

Опсегот на производители на воена опрема денес ги вклучува самоодната хаубица „АХС Крул“ од 155 мм, самоодната хаубица АХС Краб и повеќецевниот ракетен фрлач WR-ВР – 40 Лангуста.

Ќе се зголеми производствениот капацитет на хаубиците Краб, најави Моравјецки при посетата на фабриката. Полската армија нарачала 48 хаубици за своите залихи, а поголем број од нив веќе и се испорачани на Украина како дел од договорот за набавка со Киев. Полска е членка на НАТО од 1999 година, потсетува агенцијата ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот