Положени букети свежи цвеќиња пред споменикот на борците во Битола

Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на НОАВМ пред Центарот за култура во Битола, од страна на заменик градоначалникот на општина Битола Бојан Бојковски, претставници на Советот на Општина Битола предводени од претседателката Габриела Илиевска, претставници на Сојузот на борци и на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и ПОДЕМ, денеска во Битола се одбележа Осми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Пред 32 години, на 8 септември 1991 година, на спроведениот референдум, македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Инаку годинешното одбележување на празникот Оми септември во Битола се одржа под мотото „Гласник на слободата”.

Фото Општина Битола

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот