„Политика”: Трета доза на вакцина против коронавирусoт најверојатно ќе биде воведена во Србија

Фото: EPA-EFE/Thais Llorca

Трета доза на вакцина против коронавирусoт најверојатно ќе биде воведена во Србија, а препораките до граѓаните ќе бидат објавени до 1 август, објави „Политика” во денешното издание.

Според весникот, Националното тело за имунизација има постигнато принципиелен договор за аплицирање на уште една доза на вакцина за вакцинирани граѓани, оние кои се со слаб имунитет поради други болести, пред се лица со автоимуни заболувања, оние кои се на терапија со која се потиснува имунитетен одговор и пациенти со трансплантирани органи.

Дополнителна доза на вакцина ќе се препорача за оние над 80 години кои имаат некое заболување  како и за помладите граѓани кои имаат кардиоваскуларни заболувања и немаат антитела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот