Политичари од ВМРО-СДСМ ослободете се од злобата кон Арачиново

Фото: Фејсбук/Дритон Небиу

Доста ни е од тоа дека секој арачиновец е наоружан. Доста ни е од тоа дека сите арачиновци сме дилери. Кај нас имате доктори на науки, лекари, инжинери, магистри… Но, на некој му требало дежурен виновник и најлесно им било тоа да е Арачиново.

Сте биле некогаш во Арачиново? Ако сте биле знаете дека митот дека Арачиново е најопасното место во државата не е точен. Ако не сте биле дали е тоа поради стравот дека нешто ќе Ви се случи ако дојдете тука?
Со целокупниот свој имот, оставен од мојот покоен татко, со нотарски заверена изјава ви гарантирам дека никој од овие мирни луѓе кои живеат во Арачиново не само што нема да ве повреди, туку ќе ви го даде најголемото гостопримство кое било каде сте го имале.
Лично со својот имот ви гарантирам, лично со мене можете да се прошетате по најтесните и неасфалтирани улици на Арачиново да видите дека тука не живеат криминалци, туку луѓе кои сите претходни власти ги заборавиле во последните 20 години.
Нема повеќе да дозволам Арачиново да се третира како црна овца во државата. Која и да е власт, што е неспособна да се справи со криминалот – веднаш го вперува прстот кон Арачиново. Доста ни е од чудни погледи кога некому ќе му кажеш дека си од Арачиново. Доста ни е од тоа дека секој арачиновец е наоружан. Доста ни е од тоа дека сите арачиновци сме дилери.
Кај нас имате доктори на науки, лекари, инжинери, магистри… Имаме ние интелигенција. Но, на некој му требало дежурен виновник и најлесно им било тоа да е Арачиново.
Не дозволувајте нечесни политичари и злобници да ви раскажуваат за Арачиново. Ме имате мене, пишете ми да бидете мои гости. Дојдете да се уверите како овде се живее. Вратете се назад кон вашите населени места со асфалтирани улици и со канализација и кажете си во себе – Арачиново има срце и душа.

Авторот е политички аналитичар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот