Полицијата заплени „калашников“ и куршуми во Скопје

На 02.07.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација и содејство со Агенцијата за национална безбедност и СВР Скопје, при извршена контрола во помошни простории во зграда на ул.„Цветан Димов” во Скопје, пронашле и заплениле автоматска пушка „калашников”, две рамки и 22 куршуми.

Извршен е увид, а пронајдените предмети се дадени на вештачење.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот кој претставува кривично дело казниво по член 396 од Кривичниот законик.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот