Полицијата упаднала во стан и пронашла питон долг 5,5 метри и тежок 50 килограми

Загребската полиција упаднала во стан на маж во Јарун со цел да го уапси за кривично дело. Но, таму ги пречекал питон долг 5,5 метри.

Зоолошката градина во Загреб доби ново милениче за чување, бурмански питон долг 5,5 метри и тежок 50 килограми!

Неофицијално, еден човек е уапсен во областа Јарун за кривично дело. Кога полицијата влегла во станот, биле шокирани од тоа што го виделе. Веднаш повикале лица од Зоолошката градина кои ја презеле змијата, која е инаку во многу добра состојба.

Сопственикот може да си го земе питонот кога ќе биде пуштен на слобода, изјави Дамир Скок, директор на Зоолошката градина во Загреб за 24сата.хр.

-Погледнете го нашиот нов питон.Тоа е бурмански питон долг 5,5 метри и тежок околу 50 килограми. Колегите го презедоа по повик од полицијата, бидејќи е во тек постапка над неговиот сопственик, напиша Скок на Фејбсук и додаде дека ќе чекаат од надлежните упатства за негово понатамошно сместување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот