Полицијата ги удри по џеб: Казнети функционерите на ДУИ за неносење маски

Функционери на ДУИ, Фото: Архива

МВР испорача 8 платни налози од по 20 евра за дел од гостите во кабинетот на Артан Груби, кои се групираа без маски и не држеа дистанца.

Поводот за прослава без маски во во понеделникот беше 62-риот роденден на лидерот Али Ахмети и пуштањето во употреба на просториите во новата барокна зграда од 14 милиони евра, каде ќе биде седиштето на новото Министерство за политички систем.

Казнетите функционери на ДУИ ако ја платат казната во рок од една недела, ќе им се намали на 10 евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот