Полицијата во Хонг Конг уапси четворица мажи поради поддржување на „странски активисти“

Хонг Конг полиција/ Фото: ISAAC LAWRENCE / AFP / Profimedia

Полицијата во Хонг Конг уапсила четворица мажи кои ги обвиниле дека поддржуваат „странски агенти“ кои ја „загрозуваат националната безбедност“. Апсењата доаѓаат два дена откако Хонг Конг започна потрага по осум продемократски активисти кои живееле во странство, пренесува „Би-Би-Си“.

Потерницата предизвика негодување надвор од земјата, а некои западни земји започнаа да го следат обемниот закон за национална безбедност наметнат од Пекинг.

Меѓу четворицата уапсени е Иван Лам, поранешен претседател на распуштената политичка партија Демосисто, соопштија локалните медиуми.

Нејзин ко-основач е активистот Нејтан Ло, кој сега живее во Британија и е еден од оние кои се на потерницата.

Осумте субјекти на потерницата за која следува награда од 127.637 долари се со седиште во Британија, САД и Австралија, земји кои немаат договор за екстрадиција со Кина.

Хонг Конг е посебен административен регион на Кина. Според политиката на Пекинг „една земја, два системи“, жителите на Хонг Конг уживаат пошироки слободи во споредба со оние што живеат на останатиот дел од Кина.

Сепак, продемократските протести во 2019 година го отворија патот за законот за национална безбедност, кој стапи на сила во јуни 2020 година. Оттогаш, полицијата уапси 260 лица поради неговото прекршување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот