Полицијата со превентивна активност во Скопје: „Биди подготвен – користи зимска опрема“

Фото: МВР

Денеска oдделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе сообраќајна едукативна активност на подрачје на општина Карпош, во склоп на превентивната кампања „Биди подготвен – користи зимска опрема“.

Притоа, на возачите им беше поделен едукативен материјал во форма на летоци и им беше укажано за почитување на законската регулатива за задолжително користење на зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот