Полицајците пристигнале на местото на масакрот и таму го пронашле мртвиот колега со која биле на смена

Српско МВР

Жителите на селото Дубона кај Младеновац се уште не можат да се соземат од сцените со кои се соочија по масакрот што се случи во четвртокот вечерта кога У.Б.(21) со истрели од автоматска пушка уби осум лица, а рани 14 од нив. Меѓу жртвите е и М.П.(21), млад полицаец, чии пријатели и колеги останаа без зборови од таг. а Младиот полицаец загина во масакрот со помалата сестра. За него жителите на селото Дубона имаат само пофални зборови. Велат дека бил добар млад човек, вреден и секогаш подготвен да им помогне на сите.

„Сите сме шокирани, беше примерно момче, вредно и добро“, велат мештаните. Се уште никој не може да поверува дека го нема.

Според мештаните, на лице место го пронашле неговите колеги кои останале без зборови кога ја виделе страшната глетка.

„Минатата година беше примен, беше примерно момче. Тој ден работел во смена со колегите, по што си заминал дома. Неговите колеги излегле на терен на повикот дека се пука и го пронашле. Само неколку часа претходно биле на смена со него. Сите се потресени, се уште никој не може да се вразуми поради се што се случи“, вели мештанин Мештаните се уште се во страв. Вакво нешто не е видено на нивно место и тешко дека во блиска иднина ќе можат да се вратат на нормалниот живот.

Кобната вечер У.Б со истрели од автоматска пушка уби осум лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот