Покрај заканата од омикрон, учениците може и да смрзнат: Јакимовски бара зимскиот распуст да се продолжи до 10 февруари

Стевчо Јакимовски
Стевчо Јакимовски / Фото: МИА

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира да се продолжи зимскиот распуст на учениците.

– Апелирам до надлежните да ги земат во предвид препораките на дел од лекарите и да го продолжат зимскиот распуст до 10 февруари. Со тоа од една страна ќе заштедиме на сметките за греење, а од друга страна ако ги слушаме лекарите, продолжувањето на распустот би значело и значително намалување на бројот на заразени од ковид,  вели Јакимовски.

Тој стравува дека осум училишта во  Карпош ќе останат со ладни радијатори.

– Од десет училишта во Карпош, осум се приклучени на мрежата на БЕГ, училиштето Аврам Писевски се затоплува на нафта, а Вера Циривири -Трена користи обновливи изври на затоплување. Ако се случи да запре испораката на топлина осумте училишта кои се на мрежата на Балкан Енерџи Груп ќе останат незатоплени, додава градоначалникот Јакимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот