Појет е нов селектор на Грција

Густаво Појет ќе ја предводи Грција во квалификациите за ЕП 2024/фото: EPA/Hendrik Schmidt

Уругваецот Густаво Појет денеска е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Грција. Тој потпиша договор со фудбалската федерација на Грција до 2023 година, со можност соработката да се продолжи.

– Доаѓам во преубава земја со богата историја и пријателски народ. Кога ме контактираа луѓето од Федерацијата , почувствував голема чест. Грција победи на ЕП 2004 година и играла во финалиња на големи натпреварувања и токму таму сакаме да се вратиме – изјави Појет.

Појет доаѓа на местото на Холанѓанецот Џони ван’т Шип кој си поднесе оставка по неуспехот во квалификациите за Светското првенство во Катар.

Појет има искуство од работа во Грција, тој во сезоната 2015/16 го предводеше АЕК Атина, а има работено и во Брајтон, Сандерленд, Бетис, Шангај Шенхуа, Бордо, Универзитат Католика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот