Погба од 250 милиони евра, а летото ќе му понуди само две опции!

фото: твитер

Италијанските шампион се подготвени да го вратат својот поранешен играч, иако и тренерот на „кралскиот“ клуб Зинедин Зидан го посакува својот сонародник.

Како што веќе е објавено неколку пати, Пол Погба е пред заминување од Манчестер јунајтед со кој според првите најави нема намера да го продолжи договорот, а исто така и неговите тимски колеги се против негово останување.

Сите дилеми ќе се решат во јуни кога се очекува Реал Мадрид и Јувентус за услугите на францускиот интернационалец да ги испратат своите официјални понуди.

Италијанските шампион се подготвени да го вратат својот поранешен играч, иако и тренерот на „кралскиот“ клуб Зинедин Зидан го посакува својот сонародник.

Познати се и бројките, Погба вреди 250 милиони евра кога ќе се соберат финансиските примања и обесштетувањето.

Сумата која Јунајтед ја бара е околу 100 милиони евра, бидејќи паѓа цената на фудбалерот, до крајот на договорот ќе има две години, а самиот Погба сака 15 милиони нето по сезона..

Во Италија со даноци е тоа околу 23 милиони годишно, се претпоставува дека договорот би бил на четири сезони.

Кога на тоа ќе ги додадете и останатите трошкови, покрај провизијата на Рајола, нештата се јасни, во евентуалниот трансфер би требало да бидат вложени околу 250 милиони евра.

Кога Реал е во прашање, поради даноците таа сума е и поголема, Перез не е толку оптимист, но Зидан размислува позитивно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот