Подготвени се ваучери за населението за спас од цената на струјата

сметки струја ЕВН сметка
Сметки за струја. / Фото: Драган Митрески / Слободен печат.

Од изјавите на претставниците на Владата е се поизвесно дека за неполни два месеца и домаќинствата ќе имаат нова цена на електрична енергија.  Од Министерството за економија, во изјава за „Слободен печат“ велат дека ако треба, подготвени се со ваучери да го помогнат населението да го амортизира ценовниот шок.

– Доколку е тоа потребно, како што и претходно беше посочено од премиерот Зоран Заев, подготвени се посебни пакети како ваучери за домаќинствата кои од економско-социјален аспект ќе ја компензираат евентуалната разлика во цената како инструменти за поддршка на граѓаните – изјавија од Министерството.

Колку ќе биде зголемувањето допрва треба да се направат пресметките, но уверувањата од министерот за економија Крешник Бектеши се дека „тоа нема да биде такво зголемување како што тврдат некои експерт и особено претставници на опзоицијата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот