Под мотото „Гласни и горди“ – денеска во Скопје започнува Парадата на гордоста

„Скопје прајд“ / 29 јуни 2019 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија под мотото „Гласни и горди“ денеска во Скопје ќе се одржи овогодишното издание на Скопје Прајд.

Почетната точка на Парадата на гордоста ќе биде во паркот „Жена-борец“, каде во 17 часот ќе започне собирањето на учесниците. Во 19 часот, по кратките поздравни говори, ќе започне протестниот марш по скопските улици.

Настанот ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на Армијата во Градскиот парк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот