ПОЧНУВА БОРБАТА ЗА НАСЛЕДНИК НА АНГЕЛА МЕРКЕЛ: Германија по 16 години добива нов канцелар, а еве кој сѐ е во трка за шеф на ЦДУ
Во новата 2021 година, првпат по 16 години, Германците ќе добијат нов канцелар, која Христијанско-демократската унија (ЦДУ) има намера да го назначи, а во трката има пет кандидати, пишува виенскиот дневен весник Стандард.
Собранието на ЦДУ поради вирусот веќе беше одложено двапати, а сега е закажано за 16 јануари, кога треба да биде избран нов лидер на партијата. Средбата со 1.001 делегат ќе биде онлајн.
Актуелната канцеларка Ангела Меркел официјално не сака да се меша во потрагата по нејзиниот наследник.
Меѓу кандидатите за шеф на ЦДУ се поранешниот министер за заштита на животната средина, Норберт Ретген, поранешниот шеф на парламентарниот клуб, Фридрих Мерц и премиерот на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет. Кандидато е и министерот за здравство Јенс Шпан.
Друг кандидат е и Норберт Ретген, поранешен министер за животна средина, кој долго време не бил земен предвид за можноста да ја преземе ЦДУ.
По решавањето на прашањето за шефот на ЦДУ, ќе дојде ред на и прашањето кој ќе ја предводи изборната кампања како кандидат за идниот канцелар.