Почна седницата во бугарскиот Парламент, на која ќе биде избрана влада

 Почна вонредната седница на Националното собрание на која ќе се избира премиер на Бугарија и ќе се гласа за предложениот состав на новата коалициска влада. За премиер е предложен е Кирил Петков од Продолжуваме со промената, јави дописникот на МИА од Софија.

На седницата пријавени се 227 од вкупно 240 пратеници.

Кандидатот за премиер на Бугарија, Петков во говорот пред пратениците истакна дека главен приоритет на идната влада ќе биде избегнување на поскапување на струјата за домаќинствата, диверзификација и брза изградба на интерконектор со Грција.

Петков посочи и дека приоритет на идната влада е надминување на кризата со Ковид-19, нудејќи две опции: доброволна вакцинација и зелен сертификат. Тој наведе дека првата наредба што ќе ја издаде како премиер на Бугарија е само со зелен сертификат да може да се влезе во Владата.

Тој повика и на нулта толеранција за корупцијата и промена на правосудниот систем во земјата.

Според Петков денеска е важен ден за продолжување на промените во Бугарија. Промената на размислувањето и промена на власта.

– Првата задача е сите да сфатат дека ако сакаме подобра иднина за Бугарија, мора да работиме заедно. Четирите коалициски партнери заедно, преку дебати постигнаа договор по 81 часови преговори, 120 страници, 18 поглавја, за политиките што ќе бидат потребни за оваа промена, истакна Петков.

Тој не ја исклучи соработката со опозицијата за неопходните уставни измени, но и за промени во судството

извор МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот