Почина познатиот сценарист и режисер Теренс Дејвис

Фото: Инстаграм/ Terence Davies

Британскиот сценарист и режисер Теренс Дејвис почина денеска на 77-годишна возраст. Веста за неговата смрт беше потврдена и на неговиот официјален профил на Инстаграм.

Во објавата пишува дека Теренс Дејвис по кратко боледување починал мирно во неговиот дом.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Terence Davies

Режисерот и сценарист, кој е роден во Ливерпул во 1945 година, ја започна својата кариера и набрзо стана познат како еден од најголемите британски филмаџии.

Тој е познат по филмовите „The House of Mirth”, „Distant Voices”, „Still Lives”, „The Long Day Closes” и многу други.

Дејвис никогаш не ја компромитирал својата уметност, секогаш останувајќи верен на сопствената визија. Тој најде свој личен филмски јазик и остана со него четири децении. Неговите последни неколку филмови ги вклучуваа „A Quiet Passion”, „Sunset Song”, „The Deep Blue Sea” и „Benediction” од 2021.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот