Почина маж, а жена се бори за живот пo пад од зграда во центарот на Скопје

Фото: МИА

Вчера попладне пред зграда во центарот на Скопје биле пронајдени починат маж и тешко повредена жена. Двајцата претходно паднале од тераса во зградата а полицијата сѐ уште истражува дали заедно скокнале, односно дали се работи за обид за двојно самоубиство.

На 12.02.2023 во 12:57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, се вели во соопштението од МВР.

Неофицијално, се работи за Филип М., познат креативец и музичар, и Кристина Г, членка од македонскиот бенд „Bеrnays Propaganda“, кои биле во врска.

Жената е сѐ уште е во критична состојба. Од клиниката за „Телма“ изјавиле дека повредената жена е во тешка и критична состојба, со многу скршеници и без свест.

Во истрагата која трае, полицијата очекува да дознае повеќе детали за мистериозната трагедија по подобрувањето на здравствената состојба на повредената девојка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот