Почина легендарниот пејач Џими Бафет

Фото: Picryl

Американскиот пејач и текстописец Џими Бафет, познат по својот хит „Margaritaville“, почина на 76-годишна возраст, објавено е во саботата на неговата веб-страница, пренесува Хина. Бафет во тајност се борел со ракот, објавија американските медиуми.

„Џими почина мирно ноќта на 1 септември опкружен со членовите на семејството, пријателите, музиката и кучињата. Животот го живееше како песна до последниот здив и на многумина ќе им недостига“, напиша семејството.

„Margaritaville“, песна објавена во 1977 година, се искачи на 8-то место на 100-те најголеми хитови на „Билборд“, каде што се задржа на топ-листата 22 недели. Тоа беше неговиот најпопуларен сингл.

Бафет може да се пофали со 27 студиски албуми, четири платинести и осум златни, во текот на кариерата долга пет децении.

Тој исто така беше кантавтор, а водеше и сопствена деловна империја.

Зад себе ги остави сопругата Џејн Слагсвол, двете ќерки Сара и Савана и синот Камерон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот