Почина грчкиот полицаец кој беше тешко повреден во пресметка со хулигани во Атина

Грчка полиција / Фото EPA-EFE/ALEXANDER BELTES

Грчкиот полицаец, кој пред 20 дена беше сериозно повреден во инцидентите пред спортска сала во Атина за време на одбојкарскиот натпревар Панатинаикос-Олимпијакос, денеска им подлегна на тешките повредите.

Полицаецот беше хоспитализиран во критична состојба, откако на 7 декември беше погоден во горниот дел од ногата со пиротехничко средство, кое се запалило, а претпладнево ја загуби битката.

За инцидентите беа приведени 424 лица, уапсен беше 18-годишен кој го фрлил пиротехничкото средство, а по сериозната повреда на полицаецот, грчката Влада воведе вонредни мерки за справување со спортското насилство, меѓу кои и одигрување без публика на сите фудбалски натпревари од првата лига до средината на февруари.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку социјалните мрежи денеска изрази жалење и сочувство за смртта на полицаецот и порача дека „казнувањето на убијците и искоренувањето на насилството сега веќе се прашање на чест за државата и општеството“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот