ПОБЕСНЕЛА и му поставила ултиматум: Анџелина не може да ја поднесе блискоста на Бред со сестрите Кардашијан

Profimedia

Анџелина Џоли е бесна на поранешниот сопруг, 55-годишниот Бред Пит, поради неговиот близок однос со семејството Кардашијан.

Откако Бред отишол на една од мисите што ги држи Канје Вест, сопругот на Ким Кардашијан, странските медиуми набрзо се распишуваа за борбата на Клои и Кортни Кардашијан за наклоност на глумецот.

„Анџелина не може да го поднесе кланот Кардашијан и не сака нејзините деца да бидат во нивна близина. На Бред му дала ултиматум: Или Канје или децата“, открил извор за странските медиуми и објаснил дека на Џоли не ѝ се допаѓаат политичките ставови, размислувањата, како ни начинот на живот на „ријалити“ семејството.

Изворот напоменува дека Бред Пит нема намера да го прекине пријателството со раперот и со семејството Кардашијан.

„Ми се допаѓа што во светот постои Канје, поинаков е, имам чувство како да ја пореметил секојдневната рутина. А тука е и неговата музика, тоа влијание не можеме да го негираме“, рекол неодамна Бред.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот