По три смртни случаи во просек на еден час: Во БиХ починаа 73 ковид пациенти во еден ден

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Во Босна и Херцеговина во изминатото деноноќие се потврдени релативно мал број на нови случаи на коронавирус – 726, но во исто време е поставен нов црн рекорд со дури 73 смртни случаи, објавија ентитетските институти за јавно здравје.

За 24 часа се тестирани над 2.100 примероци, а инфекцијата е потврдена кај 430 лица во Федерацијата БиХ и во 296 од Република Српска.

Бројот на новозаразени е значително помал од дневниот просек во минатата недела, но бројот на тестирани примероци е, исто така, значително помал, што е вообичаена практика за време на викендите.

Во Федерацијата БиХ се регистрирани вкупно 47 смртни случаи, најголем број за еден ден во ентитетот, и 26 во Република Српска. Вкупниот број на смртни случаи во БиХ од почетокот на епидемијата во март изнесува 1.972.

Властите во БиХ сè уште не најавија воведување на построги ограничувачки мерки од оние што се веќе во сила. Во Федерацијата БиХ сè уште важи забраната за движење во текот на ноќта со исклучок на лицата кои поради работа не се дома, додека во РС нема такво ограничување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот