По претставки на кандидати кои се јавиле на јавни огласи, Државниот инспекторат за труд го проширил надзорот во М-НАВ

М-НАВ Контрола на летање/Фото: МИА

Државниот инспекторат за труд (ДИТ) го прошири надзорот во М-НАВ, изјави директорката на ДИТ, Весна Томовска. Проширувањето на надзорот е по претставки на кандидати кои се јавиле на последните огласи за вработување и имаат и анонимна претставка за синдикатот.

„Добиени се дополнителни претставки, надзорот ќе продолжи понатаму. Затоа што надзор ќе се изврши и во Агенцијата за вработување, а исто така ќе се постапи и по новопримените претставки од страна на неизбраните кандидати. Значи имаме претставки од двајца неизбрани кандидати, имаме претставка од анонимен подносител членови на синдидатот и таа ќе ја дадеме во обработка. Што значи ќе се прошири надзорот и ќе ни треба повеќе простор и време’, вели Томовска.

Таа очекува дека во текот на неделата и координативен состанок и со Финансиска полиција, а на кој треба да разгледаат од двете области до каде се со надзорот во М-НАВ. Томовски истакна и дека инспекторите кои работат на овој надзор имаат обемна документација и работат и до 18 или 19 часот.

„Колегите ги разгледуваат, документацијата е обемна, затоа ве молиме за трпение, за да завршиме какошто треба“, вели Томовск

а.

МИА претходната недела објави дека тројцата инспектори ги разгледуваат четирите последни огласи за вработување, како и дали синдикатот има најави за штрајк согласно Законот. Последните огласи за вработување се четири, објавени беа 21 работно место, а пополнети се 17 извршители. Инспекторите со претседателот на синдикатот имаа и разговор и ја добија потребната документација. Инспекцискиот надзор од Државниот инспекторат за труд и Финансиската полиција во М-НАВ почна по случувањата во оваа институција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот