По новите рестрикции, угостителите бараат итна средба со Заев

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Независната угостителска комора заедно со повеќе здруженија на угостители бара итна средба со премиерот која ќе биде отворена за медиумите, а на која ќе се разговара за новата мерка за угостителските објекти со која се скратува работното време и за неопходноста од носење на посебен сет мерки за финансиска помош за овој сектор.

– Ќе згрешиме ако на било кој начин се согласиме со вчерашната изјава дека мерките кои ги усвои Владата не се популарни. Мерките се одлични ако ги споредиме со мерките од соседството и земјите членки на Европската унија. Сметаме дека новите вчерашни рестриктивни мерки не се популарни не заради самите нив туку заради неодговорноста на Владата веднаш со усвојување и донесување на истите, не дискутира и усвои начини на обештетување на угостителите или соодветна финансиска подршка и помош за надомест на штетите што ќе настанат како резултат од нивната примена, се наведува во соопштението од Комората.

Оттаму велат дека парцијалните и селективни рестриктивни мерки некоординирани со соодветна финансиска поддршка, ги водат угостителите и бизнисите од пропратните индустрии во целосен колапс.

– Ја користиме повторно моќта и влијанието на медиумите да ни помогнат во доставувањето на ова барање до Претседателот на Владата за покана во рок од 48 часа за јавна отворена за медиумите работна средба со цел да ги разјасниме одговорностите, обврските и да ги дефинираме насоките за егзистенција и опстанок на угостителската индустрија со воведувањето на селективните рестриктивни мерки. Доколку Владата нема намера јавно да седне на маса и се соочи со угостителите, тогаш најмалку што може е јавно да одговори на ова наше барање и да се изјасни дали со донесувањето на новите мерки воопшто предвиделе, планирале и дискутирале да се надомести целосно или парцијално штетата со воведувањето на новите рестриктивни мерки, се вели во соопштението од НУК и повеќе угостителски здруженија.

Владата ги прифати предлозите на Комисијата за заразни болести за претстојните празници, при што ќе се воведат дополнителни рестриктивни мерки од 18 декември до 20 јануари.

Со новите мерки се ограничува работата на угостителските објекти наместо до 21 часот да биде до 18 часот, освен за угостителските објекти кои остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн нарачки, телефонски нарачки и слично) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (преку штанд/пулт).

Дополнителни мерки за празниците, иако надлежните тврдат дека состојбата е стабилна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот