По изборите да се прочисти судството и обвинителството, но и политичарите, вели Пендаровски

Стево Пендаровски - годишно обраќање во собранието на РСМ / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во своето обраќање во Собранието порача дека веднаш по изборите треба да се спроведе прочистување кај судиите и обвинителите, но и меѓу политичарите. Пендаровски истакна дека со години се соочуваме со отпори од повеќе страни при секој обид за суштински реформи во делот на правосудниот систем, а како причина за тоа ја посочи спрегата помеѓу делови од политичката и бизнис заедница со дел од судиите и обвинителите која, според него, во изминатите децении создаде атмосфера во која развивме ендемска корупција која ја загрозува виталноста на државата.

-За жал, се стекнува впечаток дека САД и Европската Унија се поревносни борци против корупцијата кај нас од нашите институции. Меѓутоа, странските санкции не се доволни, не само затоа што не се проследени со домашни санкции. Имено, ние се соочуваме со многу подлабок проблем, бидејќи корупцијата, во меѓувреме, стана начин на живот за многумина или како што неодамна ја опиша еден странски амбасадор, станува збор за менталитет на луѓето кој мора да се менува, нагласи претседателот.

Тој посочи дека процесите на висока корупција се исклучително бавни и неизвесни, а малубројните успешно завршени судски процеси се ограничени на конкретен временски период, при што, речиси секогаш отсуствува континуитет во акциите на државата, особено по промените на власта на централно или локално ниво.

-Тука, сакам на следниот парламент да му го порачам она што веќе го имам јавно предложено неколку пати: веднаш по изборите да спроведеме прочистување и кај судиите и кај обвинителите, но, прво, кај нас ‒ политичарите. И за секого, за кого нема логично образложение како со државна плата станал милионер, треба веднаш да следи не само оставка, туку кривична постапка, порача Пендаровски во обраќањето пред народните пратеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот