По елиминацијата од Лејкерс, Дантони си оди од Хјустон

Мајк Дантони/фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Тренерот на „ракетите“, Мајк Дантони ќе ја напушти клупата.

Хјустон рокетс доживеа елиминација во полуфиналето од Западната конференција од ЛА Лејкерс, а цехот ќе го плати тренерот Мајк Дантони.

Тој веќе ги известил сопствениците на „ракетите“ дека нема намера и во сезоната да го предводи Хјустон, пренесува влијателниот новинар Адријан Војнаровски.

На Дантони му истече договорот и одлучи по четири години да си замине и да побара нов предизвик. Според Војнаровски, Дантони е во најтесниот круг на кандидати за тренер на Филаделфија сиксерс.

Интересно е што Дантони пред да седне на клупата на Хјустон работеше како асистент тренер во токму во Филалдефија. Освен Хјустон, Мајк Дантони беше главен тренер и во Њујорк никс, ЛА лејкерс, Денвер нагетс и Феникс санс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот