фото: vfmkd.org.mk

По 49 пат ќе се организира меѓународниот меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“

Одбојкарската Федерација на Македонија (ОФМ) и семејството Хаџииљоски по 49 пат ќе бидат организатори на меѓународен меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, кој на 5, 6 и 7 август 2025 година ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Меморијалот, кој премина во традиција и е константен во годишниот календар на ОФМ и оваа година се става во функција на машкиот сениорски национален тим на Македонија, како дел од подготовките за европските квалификации, на кој покрај нашата репрезентација ќе учествуваат и сениорските репрезентации на Бугарија и Швајцарија.

Организаторите на денешната прес-конференција ги искажаа своите очекувања од престојниот турнир:

– На мое големо задоволство по 49 пат се одржува турнирот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ во чест на мојот покоен татко, кој беше основоположник на одбојката во Тетово и со огромни успеси ја водеше тетовската и македонската одбојка долги години. Посебна чест и задоволство ми е што и овој пат како и годините наназад турнирот е во функција на машката сениорска репрезентација, во кој имаме квалитетни учесници Швајцарија и Бугарија заедно со нашиот национален тим. Прво би сакал да бидеме добри домаќини, се надевам на убави и квалитетни натпревари, ја повикувам одбојкарската и спортска јавност да дојдат во што поголем број да присуствуваат на натпреварите, да ја поддржат Македонија и воедно се надевам дека и нашата репрезентација и ќе биде победник на овој турнир, на мое огромно задоволство – рече Ивица Хаџи Иљоски, потпретседател на ОФМ и претставник на семејството.

49 Меѓународен меморијален турнир во одбојка „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, 5, 6 и 7 август 2025 год.

Распоред на натпревари:

Македонија – Швајцарија (5 август, 17.45 часот)
Швајцарија – Бугарија (6 август, 19.00 часот)
Македонија – Бугарија (7 август, 19.00 часот)

фото: vfmkd.org.mk

– Благодарност до семејството Хаџииљоски за несебичната организација на овој голем турнир кој е од огромно значење за машкиот сениорски национален тим за кој е и ставен во функција овој турнир. Сакам да потенцирам дека турнирот веќе има одличен одзив на европската одбојкарска сцена, препознаен е и можам да кажам дека каде и да се обратив од сите имавме позитивен одговор и можевме буквално да бираме кој сакаме да дојде на турнирот. Благодарност и до Министерството за спорт за несебичната поддршка и и јас како и Ивица се надевам дека Македонија ќе излезе како победник на овој турнир – изјави Филип Деспотовски, генерален секретар на ОФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот