ПО 17 ЧАСА ПОМИНАТИ ПОД БЕТОН НА КРАЈ ЈА ЗАГУБИЛ БИТКАТА: Нова жртва од земјотресот во Албанија

Уште една нова жртва е регистрирана во Туман, како последица од силниот земјотрес кој утрово ја погоди Албанија.

Новинарот на News24, изјавил дека постоеле шанси човекот кој загинал да се спаси, откако со часови се одржувал во живот со пумпа за кислород. Тој, 17 часа бил заглавен под бетонска плоча.

Човекот по име Чука, сепак не успеал да издржи и го загубил својот живот. При контактот кој го остварил со спасувачите, пред да почине, Чука им рекол дека не ги чуствува своите нозе.

Инаку министерката за одбрана на Албанија, Олта Џачка, изјавила дека продолжуваат операциите за спасување на луѓете што се под урнатините.

Таа изјави, дека по главниот земјотрес, кој што бил со мангитуда од 6.4 степени според Рихтеровата скала, биле регистрирани и 250 афтер шокови.

Според неа хоспитализирани се над 650 луѓе додека досега биле спасени 45 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот