Пировска: Жртвите немаат доверба во институциите, насилниците ретко ја добиваат санкцијата што ја заслужуваат

Жртвите немаат доверба во институциите, не веруваат дека институциите ќе ги заштитат, што не е за осудување ако се има предвид дека многу ретко насилниците ја добиваат санкцијата која што треба да ја добијат

-Ние укажавме дека не треба да се шири тоа видео (тепањето на девојче). Но луѓето во голем дел не знаат што значи двојната виктимизација. Многу често се случува во вакви случаи жртвата да биде осудена во средината каде што живее. Многумина се уште мислат дека насилството е сосема нормално, изјави за „Утрински брифинг“ за „Слободна ТВ“, извршниот директор на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска.

Вонредната состојба може да доведе до зголемен број случаи на семејно насилство, а жртвите бидејќи немаат доверба во институциите, не ги пријавуваат случаите.

Оваа состојба (Вонредната) мислам дека ќе доведе до зголемен процент на семејно насилство. Жртвите генерално кај нас не се охрабрени да ги пријават случаите. Полесно е да дојдат кај нас или во другите организации кои што работат на оваа проблематика, отколку да пријават во институции. Жртвите немаат доверба во институциите, не веруваат дека институциите ќе ги заштитат, што не е за осудување ако се има предвид дека многу ретко насилниците ја добиваат санкцијата која што треба да ја добијат. Значи целата обесхрабреност на жртвата се должи на тоа дека системот не реагира соодветно на родово базираното насилство, вели Пировска.

Во врска со видеото за тепаното девојче од Штип, важно е како ќе постапи обвинителството, за да во иднина и други жртви се охрабрат да ги пријавуваат случаите.

Ова видео како да ја рабуди јавноста која што нема свест дека вакви работи се случуваат. Ние кои што работиме на оваа проблематика сме сведоци на случаи каде што жртвите на почеток може и да пријават, но во текот на постапката да се повлечат. Сега е многу важно како ќе постапи Обвинителството, како ќе се гонат лицата, со цел да жртвите кои молчат а се дел од такво насилство да се охрабрат и во наредниот период да го пријавуваат ваквото насилство, изјави Пировска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот