Пијани монаси се испотепале на Света Гора во српскиот манастир, помладиот е приведен

Фото: МИА

Пијани монаси се испотепале на Света Гора, помладиот е приведен. Инцидентот се случил во неделата попладне во српскиот манастир на Света Гора. Според извешаите, 35-годишникот го удрил 52-годишникот со нозете и рацете, како и со пластично шише, јавува грчката телевизија ЕРТ.

52-годишниот монах првично бил пренесен во Здравствениот дом Карион каде му била укажана прва помош. Нападнатиот маж од Белорусија првично бил хоспитализиран со повреди на главата.. Потоа бил префрлен во болницата Полигирос, каде се уште се лекува поради повреди на лицето. Оштетениот изјавил дека не сака кривично да го гони 35-годишникот, а не побарал да биде прегледан од лекар.

Обвинетиот, 35-годишен Романец, рекол дека наводно живее во Светиот манастир Кардица во Тесалија, во централна Грција, нагласувајќи дека на Света Гора дошол привремено „на неколку дена“. Истакнал и дека жртвата ја познава со години.

Пријавениот е изведен пред јавен обвинител и обвинет за нанесување тешка телесна повреда и упатен на судење.

Хиландар е српски православен машки манастир од државата на православните монаси, кој постои повеќе од илјада години. Манастирот е изграден по иницијатива на Свети Сава, кој се замонашил на Света Гора во 1191 година. Се наоѓа во северниот дел на Света Гора, на полуостровот Халкидики, односно неговиот трет крак – Атос. Манастирот е на 2,5 километри од Егејското Море.
35-годишниот романски монах, кој беше уапсен на Света Гора под обвинение дека претепал 53-годишен белоруски монах на теренот на манастирот Хиландар, останува во притвор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот