Петров: Сакаме во европското семејство, но не по секоја цена – идентитетот и јазикот се главни обележја

Фото: ТВ24/принтскрин

„Идентитетот и јазикот се основни обележја, а нам не ни треба ЕУ по секоја цена. Сакаме да продолжиме со разговори, да бидеме прифатени како и сите останати држави во ова големо европско семејство“, изјави Андреј Петров, член на извршниот одбор на СДСМ, вечерва во емисијата „24 отворено“.

„Немаме проблем со предлозите на големите европски држави кои сакаат да го надминат спорот. Имаме проблем со непринципиелноста која постои и која е резултат на една уценувачка политика на Бугарија која нема да донесе ништо добро“, рече Петров.

„Од тактички аспект, тоа што е денес направено е одличен потег“, смета тој.

Одговорајќи на прашањето дали се разговарало за францускиот предлог во СДСМ, Петров вели дека го дискутирале во рамки на партијата, но, како што рече, откако виделе дека јавноста и опозициската ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќаат, премиерот Димитар Ковачевски донел став да не го прифаќаат.

„Па координации да, и мислам дека мнозинството на луѓе се на оваа теза, има една сондажа низ членството. Меѓутоа го сондиравме и расположението на граѓаните и го респектираме ставот на опозицијата и на коалициските партнери“, рече Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот