Пет тинејџерки повредени откако со возилото излетале од коловозот

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Пет девојки се повредени откако во три часот утрово, на крстосница од улица „Симеон Кавракиров“ и улица „Венијамин Мачуковски“ патничко моторно возило „Порше“ со скопски регистарски ознаки излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 19-годишната А.Ц., која управувала со возилото и сопатничката С.П.(18). Полесни повреди имаат три сопатнички Ј.М. (18), Е.Б.(18) и АМ.К.(18).

Денеска (26.11.2023) во 03.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од ул.„Симеон Кавракиров” и ул.„Венијамин Мачуковски” патничко моторно возило „порше” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(19) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц. и сопатничката С.П.(18), а со телесни повреди се здобиле уште три сопатнички Ј.М.(18), Е.Б.(18) и АМ.К.(18) сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „Св.Наум Охридски” – соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот