Пет причини зошто кучињата имаат влажен нос

Фото: Pexels/ Bruno Cervera

Како сопственик на куче, веројатно сте забележале дека носот на вашето куче во повеќето случаи е влажен.

Најчесто се смета дека влажниот нос е знак дека кучето е здраво. Но, сигурно сте се запрашале зошто ваште кучиња имаат влажен нос? Постојат повеќе причини зошто носот на кучето може да биде влажен, „Ворлд дог фајндер“ (“World Dog Finder“) ги наведува петте најчести:

Ги лижат своите носеви од навика

Сите кучиња постојано се лижат, а некои имаат навика да си го лижат и носот. Може да има различни причини зошто вашето куче го прави ова, но најчестите се затоа што носот му е валкан и сака да го исчисти – ако вашето куче сака да копа и да го пика носот во нечистотии, веројатно ќе го лиже носот за да го исчисти.

Да се ​​изладат

Веројатно веќе знаете дека кучињата не можат да се оладат како луѓето со помош на потните жлезди. За да се изладат тие забрзано дишат. Но,  кучињата имаат мал број на потни жлезди во муцката и шепите. Па, мали количества на пот им излегува од носот кога имаат потреба да се оладат,  со што ја контролираат нивната телесна температура.

Собираат мириси

Влажниот нос му помога на вашето куче подобро да ги собира мирисите од околината. На овој начин тие можат полесно да следат специфичен мирис кој им е интересен.

Апсорпција на влага

Ако имате куче кое сака многу да душка, носот може да му биде постојано влажен поради влажноста од околината. Неговиот нос е способен да ја апсорбира влагата во просториите.

Фото: Pixabay/ LUM3N

Генетика

За некои кучиња, генетиката може да влијае на тоа дали вашето куче ќе има влажен нос или не. Некои раси природно имаат влажен нос, додека други може да имаат суви носови. Значи, ако не сте забележале влажен нос на вашето куче, тоа не треба да ве загрижува, освен ако вашето куче покажува некои други симптоми кои би можеле да укажуваат на тоа дека е болно.

Кога треба да бидете загрижени?

Претерано влажниот нос кај кучињата потенцијално може да укаже на некои здравствени проблеми. Се разбира, ова не е секогаш случај, но за безбедност на вашето куче, најдобро е да знаете кога треба да бидете загрижени и да го контактирате вашиот ветеринар.

Најлесен начин е да видите дали кучето има слуз. Ако вашето куче почне да произведува повеќе слуз, тоа може да биде знак дека нешто го мачи. Исто така, треба да го контактирате вашиот ветеринар ако слузта ја промени бојата, како зелена или жолта.

Секако, доколку забележите влажен нос и малку крв, веднаш контактирајте го ветеринарот, бидејќи тоа може да укажува на некои заразни болести, а во најлош случај и на рак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот