Пет начини на кои алкохолот може да го уништи сексуалниот живот на мажите

Фото: Pexels / MART PRODUCTION

Индиски истражувачи дојдоа до заклучок дека прекумерното консумирање алкохол го намалува сексуалното задоволство и желбата кај мажите, и го зголемува ризикот од еректилна дисфункција.

Во студијата се вели дека иако алкохолот често се гледа како афродизијак, долготрајната и тешка употреба може да доведе до сексуална дисфункција.

„Алкохолот е поврзан со сексуалноста. Може да придонесе за започнување на сексуалната активност со потиснување на инхибициите и ублажување на анксиозноста. Сепак, алкохолот значително ги нарушува речиси сите домени на сексуалното функционирање покрај еректилна дисфункција“, вели Д-р Бупендра Јадав.

Околу 16,5 милиони мажи во Британија страдаат од еректилна дисфункција, а половина од оние на возраст од 40 до 70 години страдаат од еректилна дисфункција.

Минатата година има податок дека се потрошени 18,3 милиони долари на лекови на рецепт, вклучително и Виагра и Сиалис за лекување. Тоа може да биде симптом на основни состојби како што се висок крвен притисок, холестерол и дијабетес.

Претходните истражувања покажаа дека пиењето премногу алкохол може да го зголеми ризикот од овој проблем кај мажите.

Најновата студија, објавена во Elsevier Medical Journal Armed Forces India, истражуваше како алкохолот влијае на другите области на сексот.

Истражувачите анкетирале 78 машки пациенти на возраст меѓу 20 и 50 години во клиника за зависност од алкохол за да видат како нивното пиење влијае на сексуалната функција.

Студијата покажува дека прекумерниот алкохол може да влијае на

– Сексуално задоволство

– Сексуална желба

– Сексуална возбуда

– Оргазам

– Еректилна дисфункција

Околу 77 отсто од мажите имале сексуални проблеми, а проблемите со задоволство влијаеле на 71 отсто. Околу 61 отсто имале ниска сексуална желба, 59 отсто имале слаба возбуда, 48 отсто имале проблеми со оргазам, а 44 отсто имале еректилна дисфункција.

Истражувачите откриле дека сериозноста на нивните проблеми е директно пропорционална со степенот на нивната зависност од алкохол. Речиси сите мажи со тешка зависност од алкохол страдаат од сите пет проблеми.

„Утврдено е дека целиот спектар на сексуално функционирање е значително засегнат. Овие наоди се во спротивност со претходните студии кои ги наведуваа еректилната дисфункција и предвремената ејакулација како најчести“, вели д-р Јадав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот