Пешак прегазен во струмичко, со тешки повреди пренесен во болница

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вчера во 16.20 часот на магистрален пат Струмица – Ново Село, во село Дабиле, струмичко, автомобил „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од триесет и петгодишниот М.Д. од струмичкото село Моноспитово, удрило во малолетен пешак од село Дабиле.

Како што информира МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Струмица.

Увид на местото на несреќата бил извршен од екипа од СВР Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот