Пензионерите излегоа на протест за повисоки пензии

Протест на пензионери Фото: Методи Здравев

Пензионери од цела Македонија денеска протестираа за повисоки пензии. Протестот започна пред Амбасадата на САД во Скопје, а потоа продолжи пред Владата.

Главните барања на пензионерите се линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари, минимална пензија од 20.000 денари и промена на методологијата за покачување на пензиите.

-Од последниот протест до денес нема никакви промени, иако тогаш министерката за труд и социјална политика кажа дека за седум дена ќе даде отчет, односно што направила групата која ја изработува методологијата. Но, пројдоа 27 дена па сè уште нема никаков одговор. Ние пензионерите ништо не добивме, протестираме три месеци градовите и организираме генерални протести во Скопје, но нема резултати. Имавме состаноци и со ЕУ и ги запознавме со нашите барања, кои остануваат исти и од минатиот пат, а би напоменал и дека шестото барање е промена на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, изјави денеска претседателот на иницијативниот одбор на пензионерите, Драган Угриновски.

Угриновски најави дека доколку нема договор со институциите протестите ќе бидат порадикални.

Просечната пензија во моментов изнесува 19.106 денари, а според последните податоци што ги објави Државниот завод за статистика, пензионерите како категорија имаат стапка на сиромаштија од седум проценти, што е пониска од вкупната стапка на сиромаштија, која изнесува 21,8 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот