Пенс со нов, трет негативен тест за коронавирус

Доналд Трамп и Мајк Пенс/Фото: Профимедиа

Американскиот потпретседател, Мајк Пенс и неговата сопруга Карен по трет пат имаат негативни тестови за коронавирус, откако Доналд Трамп соопшти дека тој и неговата сопруга Меланија се заразени со Ковид-19, јави Би-Би-Си.

Потпретседателот и натаму е активен и учестува во настани од предизборната  кампања. Но, овие негови активности се во спротивност со препораките за карантин, издадени од американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Според нив, секој што бил изложен на заразено лице треба да се изолира 14 дена.

Потпретседателот Пенс во вторникот бил во контакт со претседателот Трамп во Белата куќа, кога американскиот претседател можеби веќе бил заразен.

Пенс задутре, на 7 октомври, во Солк Лејк Сити треба да дебатира со Камала Харис, кандидатот на демократите  за потпретседател на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот