Пендаровски вели дека не го поканиле на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград

Македонскиот клуб во Благоевград, уште неотворен, беше вандализиран на почетокот на октомври / Фото: НовАсном

Претседателот Стево Пендаровски вечерва рече дека во недела нема да оди во Благоевград на отварањето на клубот „Никола Вапцаров“ на ОМО Илинден Пирин, бидејќи не бил поканет.

-Ако го знаете соопштението на оние кои го организираат тоа, тие мене не ме поканија, иако тоа ме чуди, затоа што дел од тие луѓе кои ја отвораат таа спомен-куќа или дом, затоа што тоа не е регистрирано според бугарските прописи и е приватна иницијатива, беа кај мене со ОМО „Илинден“ заедно со други организации на Македонци од Бугарија, рече претседателот Пендаровски, додавајќи дека тоа бил прв официјален прием на Македонци од Бугарија од осамостојувањето.

Тој додаде дека за 31 година независност, никој не ги примил како група Македонци од Бугарија. Тоа, додаде претседателот, е грижата на нашата држава за дијаспората во соседните држави.

Во врска со бугарските здруженија во земјава претседателот Пендаровски смета дека не треба да се дозволи да носат имиња на, како што нагласи, докажани фашистички соработници. Според него, доколку по најавите од Министерството за правда дека и ако биде донесен нов закон за здруженија, тој не може да важи ретроактивно може да се преиспита работата на постоечките здруженија.

-Има државни институции, како на пример Јавното обвинителство, кои можат да ја преиспитаат работата на постојните клубови, бидејќи е неспорна една од основите да ја преиспиташ работата е дали тие со својата активност разгоруваат национална или верска омраза и нетрпеливост. По мене да, рече претседателот Пендаровски во Тема на Денот на ТВ Сител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот